Утрински Весник
Македонија

Претседателката гласаше на првиот круг од локалните избори 2025 година

Foto 5.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски” во општина Центар. Во изјава за медиумите, таа рече дека очекува пристојни, фер и демократски избори.

„Очекувам 30-годишното изборно искуство да се повтори, значи очекувам пристојни, фер и демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите. Се покажа дека, иако пратениците пропуштија да го сторат тоа што им е основна обврска, да ја пополнат правната празнина после одлуката на Уставниот суд, стравот беше беспричински. Да, има повеќе кандидати колку што гледам, ама веројатно граѓаните добија и повеќе избор. Јас си ја извршив мојата граѓанска обврска, очекувам тоа да го сторат и другите граѓани. Внатре беше мирно, наликуваше на обичен ден. Очекувам уште денеска да дознаеме како се движат работите. Се разбира, бидејќи за градоначалниците има и втор круг, мислам дека она што денеска го видов, една досадна изборна граѓанска слика, да се повтори и во вториот круг”, изјави претседателката по гласањето. 


Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен