Утрински Весник
Балкан

Хрватската полиција конфискувала над 700 илјади евра пронајдени во автомобил, уапсен албански државјанин

Policija hr.webp.webp
Dik 300x250 mk

Хрватските царински службеници, во соработка со полицијата на граничниот премин Карасовиќ, на границата со Босна и Херцеговина, спречиле обид за шверц на голема сума пари.

-Кај албански државјанин на излез од Хрватска, во повеќе делови од автомобилот што го управувал откриени се 702.435 евра. Парите се запленети за време на засилениот надзор спроведен од страна на службениците на Службата за борба против шверц и мобилните единици Дубровник, заедно со службениците на Полициската управа Дубровник-Неретва, објави Ора њуз.


Возачот не ги пријавил парите и на таков начин не ја исполнил законската обврска. Целата пронајдена количина е конфискувана, а осомничениот возач е уапсен под сомнение за сторено кривично дело и му е одредена мерка притвор.

Албанскиот државјанин не ја исполнил својата законска обврска да ги пријави парите на Царинската управа или на Граничната полиција, ниту писмено ниту електронски. 

Запленета сума пари е најголема до сега на споменатиот премин.

Можете да прочитате

Во пожар во Малиќ, Албанија загинаа мајка и син, шестгодишно дете се бори за живот

Уште една сообраќајка со автобус во Србија – има загинати

Објавена снимка од двојното пукање во Косово – осомничениот со две пушки пукал кон возило