Утрински Весник
Балкан

Во пожар во Малиќ, Албанија загинаа мајка и син, шестгодишно дете се бори за живот

20251019155833 big 730x400 24.webp.webp

Трагичен настан го потресе градот Малиќ, во регионот Корча, но и пошироката албанска јавност, по веста дека во пожар во нивниот дом, животот го загубиле мајка и малолетен син, додека уште едно дете се здобило со тешки изгореници и се бори за живот.

-Пожарот избувнал околу 13:30 часот во семејна куќа сопственост на В.А. во која биле неговата сопруга М.А (40) и нивните две деца. Како последица од изгореници и задушување на самото место починала М.А. а нејзините 14-годишен и шест-годишна ќерка, биле префрлени во болница во многу тешка сосотјба, стои во соопштението на полицијата.


Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале пожарникари и возила на брза помош кои итно ги пренеле двете деца во Регионалната болница во Корча. За жал, 14-годишното момче починало, додека неговата помала сестра, е во критична состојба.

Можете да прочитате

Вучиќ оди во посета на Украина

РЕКОРДНА ЗАПЛЕНА ВО БИХ: Паднаа 1,1 тон дрога вредна до 33 милиони евра

САД и ЕУ реагираа по пресудата за Тачи: Да се почитува судот, да нема тензии