Утрински Весник
Свет

Грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители

20251019122317 big 730x400 83.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За време на отворањето на музејот Лувр во Париз изутрината се случил грабеж, соопшти француската министерка за култура Рашида Дати на својот профил на мрежата Икс.

„Поради грабежот, донесена е одлука културната установа, музеј Лувр да се затвори за посетители од вонредни причини“, се вели во соопштението за медиумите објавено од музејот на таа социјална мрежа, пренесува дневниот весник „Фигаро“.


Инцидентот наводно се случил во моментот кога првите посетители почнале да влегуваат во музејот, по што веднаш била распоредена полицијата, а посетителите биле предупредени да не влегуваат во музејот.

Според првичните податоци од истрагата, грабежот се случил помеѓу 9:30 и 9:40 часот. Разбојниците, чиј број сè уште не е објавен од властите, наводно се упатиле кон музејот со скутер и користеле товарен лифт за да пристапат до просторијата што имале намера да ја ограбат. Тие биле опремени со помали моторни пили и успеаледа украдат дел од накитот од колекцијата на Наполеон.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична