Утрински Весник
Свет

Почина основачката на образовната програма „Еразмус“, Софија Коради

Sofija koradi.jpg
Dik 300x250 mk

Основачката на образовната програма „Еразмус“ Софија Коради, почина на 91-годишна возраст во Рим, Италија.

Позната како Мама Еразмус, Коради испрати милиони млади луѓе да студираат низ Европа. Ја доби престижната американска стипендија „Фулбрајт“, и на свои 20 години заминала на постдипломски студии на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде магистрира право. Нејзината диплома не била признаета од образовниот систем на Италија, па таа почнала да развива идеја за програма на размена на студенти. Програмата почнала со реализација во 1987 година.


Според податоците од сајтот „Еразмус“, од тогаш до сега 16 милиони студенти учествувале во програмата, која е управувана од Европската Унија.

Коради, која беше професорка на римскиот универзитет, во 2018 кажа дека идејата за програмата, родена за време на Студената војна, била нејзина лична пацифистичка мисија.

Можете да прочитате

Шест лица го загубија животот во тропска бура на Филипините, над 22 илјади се евакуирани

Украина потврди напади со дронови врз голема руска фабрика за преработка на природен гас

Хамас тврди дека нема сознанија за судири со ИДФ во јужна Газа