Утрински Весник
Македонија

Нови десет авиодестинации од Македонија зимава, најавува директорот на аеродромите

Whatsapp Image 2025 03 07 At 16.12.40.jpeg

„Нашиот тим за развој на мрежата на рути преговара со авиокомпании за воспоставување директни воздушни врски со Данска, Финска и Блискиот Исток. Од постојните пазари во наредниот период, ќе се фокусираме на поголема поврзаност со Шпанија и Обединетото Кралство“, вели во интервју за МИА Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Курт најавува дека двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со десет нови дестинации во зимската сезона која започнува од крајот на октомври и ќе трае до крајот на март.


„Зимскиот распоред на летови за 2025/26 година за Меѓународниот Аеродром Скопјe вклучува редовни и чартер летови, односно 49 редовни дестинации кои ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании и 13 чартер дестинации кои ќе ги опслужува една авиокомпанија“, вели Курт.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот