Утрински Весник
Свет
Img 7972

ЕУ: Сведоците на насилство врз жените имаат витална улога во неговото спречување

1760723369 nasilstvo.webp.webp
Dik 300x250 mk

Обичните граѓани можат да играат виталната улога во спречувањето на насилството врз жените и семејното насилство, па затоа се потребни поголеми напори за поттикнување на сведоците на овие злоупотреби да помогнат во борбата против нив, се наведува во заклучоците од денешниот состанок на министрите за еднаквост на земјите членки на ЕУ во Луксембург.

Во заклучоци се нагласува дека свеста, образованието и општествената поддршка се клучни за да се обезбеди очевидците да можат да препознаат злоупотреба, безбедно да интервенираат и да им помогнат на жртвите да дојдат до правда и заштита.


Според данскиот министер за животна средина и родова еднаквост Магнус Хејнике секој поединец има своја улога во прекинувањето на молкот и запирањето на насилството врз жените и семејното насилство.

– Денес се согласивме да ја зајакнеме превенцијата, раното откривање и интервенцијата против родово базираното насилство. Очевидците и професионалците можат да направат значителна промена во животите на жртвите и да помогнат во спречување на идни случаи на насилство, додаде Хејнике, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Според едно истражување на ЕУ од 2024 година, мнозинството жените кои доживеале насилство изјавиле дека тоа го сторило лице кое им е блиско, само 20 проценти од нив побарале помош од социјалните или здравствените служби, а само една од осум го пријавила инцидентот во полиција.

Од овие причини, во заклучоците се нагласува потребата од подигање на свеста и едукација кај населението за да се овозможат ефикасни начини за барање помош, обезбедување поддршка или друга интервенција во случаи на насилство, а истовремено да се поттикнат и сведоците и очевидците да ги пријават таквите дела кај надлежните органи без страв од негативни последици.

– Додека жените и девојчињата се најчесто изложени на насилство на полова основа, и мажите и момчињата, исто така, можат да бидат жртви на семејно насилство и да се соочат со предизвици специфични за полот кога станува збор за барање помош, се додава во заклучоците.

Па затоа министрите повикуваат на усвојување на мерки на национално и на ниво на ЕУ за борба против родовите стереотипи и штетните општествени норми што ги обесхрабруваат мажите и момчињата да покажат ранливост и со тоа ги ограничуваат да побараат поддршка кога им е потребна.

– Децата кои се сведоци на насилство во рамки на нивните семејства или домови, исто така, се сметаат за жртви на семејното насилство, бидејќи се изложени на поголем ризик од долгорочни физички и ментални здравствени проблеми и можат и самите да развијат или да бидат подложени на насилно однесување, се наведува во заклучоците и се охрабруваат земјите од ЕУ да преземат мерки за заштита и поддршка на децата кои живеат во средина каде има насилство врз жените или семејно насилство.

Можете да прочитате

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега

Започнаа масовни протести против Трамп, се очекуваат милиони демонстранти

Tанкер погоден со проектил кај брегот на Јемен