
Соопштение за јавност на Левица:
750.000 евра ја чини општината плочникот позади „Капитол”, платен со унгарскиот кредит, за кој народот ќе плаќа плус и камати!
Реалната вредност на проектот е најмалку три пати пониска!
Ова не е инвестиција. Ова е мачкање очи на жителите и перење пари пред избори!
Левица ќе стави крај на ваквите тендер шеми во Аеродром!
По преземање на општината:
Ќе направиме ревизија на сите тендери.
Ќе следат кривични пријави за секој надуен и криминален договор кој излегува од рамките на пазарната цена.
Доста беше со шминкање на реалноста во #Аеродром
Време е #Левица да донесе правда, отчетност и народна власт!