Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Butel3.jpeg
Img 7972

„На овие избори изберете пред сè луѓе кои сакате да ве претставуваат. Изберете ги оние кои се докажани, чесни, кои ќе го исполнат ветеното и кои ќе ви служат пред сè вам, граѓаните,”  порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од трибината во Бутел.

Тој истакна дека најголемата сила на СДСМ на овие избори се луѓето што ги предлага,  кандидати и кандидатки со интегритет и кредибилитет.


„Јас знам дека Оливера за Бутел и Каја за Скопје се вистинскиот избор, силни жени, борци, докажани во својата професија, жени кои искрено и чесно ќе застанат зад граѓаните и нивните потреби”, рече Филипче.

Тој потсети дека општините се најблиската власт до граѓаните и дека токму затоа таму е најважно да се изберат чесни и одговорни претставници.

„Општините се првиот контакт на секој човек со било која власт и тука не смее да има поделби. Тука не смее да се изберат послушници на Мицкоски кои работат само по директиви на партијата”, нагласи лидерот на СДСМ.

„А, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори нуди токму такви кадри, бирани по теркот и меракот на претседателот, а не на граѓаните”, додаде Филипче.

Можете да прочитате

Филипче: Прочитан е Мицкоски, обидот за партизација на судството нема да помине, потребни се реформи

Дождливо време во Македонија, локално ќе наврнат над 20 литри дожд

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија