Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

Miteva 3 960x540 1.webp.webp
300x250 opst2

Снимките кои излегоа во јавноста, на кои јасно се гледа односот на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кон жени вработени во oпштината, претставуваат скандал и срам за државата. Навредите, понижувањето и злоупотребата на службената позиција се однесување кое не му доликува на човек, а уште помалку на градоначалник. Наместо пример на чесност и одговорност, гледаме ароганција, непочит и злоупотреба на моќта, истакна на денеска на прес конференција Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Најостро го осудуваме овој чин и бараме итна реакција од сите надлежни институции и организации, од Јавното обвинителство кое треба и мора да го провери овој случај, дали бил изолиран или пак станува збор за начин на делување на Дехари, па се до Народниот правобранител и сите организации кои ги застапуваат и штитат правата на жените.


Почитувани,

Овде нема простор за молк, ова е чин за осуда и санкционирање. Секој кој ја злоупотребува својата функција за навредување и вознемирување на своите вработени мора да сноси кривична, но и морална одговорност. Дехари со ваквото однесување ја изгуби секоја доверба, градоначалник кој покажал такво непочитување кон жените и институцијата што ја води, не ја заслужува довербата на граѓаните.

И сигурни сме дека и албанската заедница се срами од ваквото однесување, бидејќи ова не е прашање на етничка припадност, туку на човечко достоинство и морал.

Молкот е форма на одобрување, тоа не смееме да го дозволиме. Нема повеќе место за навреди и понижувања од ваков тип во политичкиот дискурс. Како ВМРО-ДПМНЕ, секогаш ќе стоиме на страната на достоинството, правдата и заштитата на жените од било каква злоупотреба и понижување, пораќа Митева.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања 

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена