Утрински Весник
Скопје

Д-р Трајановски: Населбата Лисиче заборавена четири години: празни ветувања, нула реализирани проекти

Img 1768 1.jpeg

Почитувани сограѓани,
Измина целиот мандат на Муцунски и Митески во Општина Аеродром, а жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година. Наместо реализација, гледаме само празни зборови и неисполнети обврски.

Во програмата беше ветена целосна реконструкција и обнова на улиците во населба Лисиче, со конкретно наведено решение за паркирањето, нов кружен тек на булевар „Февруарски поход” со улица „Тодор Чангов”, како и детален урбанистички план за улицата „Ѓорѓи Капчев”. Во програмата на Дејан Митески може да се препишат истите проекти затоа што ништо од ова не е реализирано.


Тука сме на улицата „Тодор Чангов”, една од најфреквентните во овој дел на општината, состојбата е понижувачка за граѓаните. Дупките, нефункционалната атмосферска канализација и недоволната осветленост претставуваат секојдневен ризик за пешаците и возачите. Ветувањето за доизградба на атмосферска канализација остана само запишано на хартија.

Исто така, улицата „Ѓорѓи Капчев” требаше да добие нов урбанистички план и поставување на атмосферска канализација, со што ќе се подобрат условите за живот на жителите. Денес, таа улица изгледа речиси исто како пред четири години — без систем за одведување на водата, без уредени тротоари и со нарушена безбедност во сообраќајот.

Затоа драги сограѓани, не дозволувајте повторно да ве лажат и манипулираат и во недела на 19 октомври изберете работа и реални проекти, а не нови лаги и празни ветувања.

Можете да прочитате

Дводневна работилница за чист воздух и одржливи градови во рамки на проектот за моделирање на квалитетот на воздухот 

ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред во идните три дена

Во Скопје отворен нов шелтер центар за жртви од семејно насилство