Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани – јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!

Mitovski sdsm 2.jpeg
Img 7972

Изјава за медиуми, Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба

Почитувани граѓани,


денес сме во селото Булачани, место кое со години се соочува со проблем со водоснабдувањето, недоволен доток на вода и застарена инфраструктура. Овие проблеми конечно ќе ги решиме системски и трајно.

Во мојот мандат ќе изградиме две нови бушотини за вода со кои значително ќе се зголеми дотокот и капацитетот на водата. Паралелно, ќе се изврши уредување и оградување на сите каптажи и нивно прогласување за заштитено подрачје, со цел да се обезбеди чиста и безбедна питка вода за сите жители.

Ќе следи санација на резервоарите за вода и целосна реконструкција на водоводната линија 1 во должина од 5 километри, со што ќе се реши еден од најстарите проблеми на Булачани.

Покрај тоа, ќе се пристапи и кон изградба на целосна фекална канализација – нешто што ова населено место одамна го заслужува.

Булачани ќе добие и реновиран културен дом, асфалтирана улица број 3, а куќите на оваа улица ќе бидат директно поврзани на водоводната линија преку хидрофорни пумпи.

И на крај, на местото викано Банево Гумно ќе изградиме видиковец со урбана опрема, кој ќе прерасне во ново бележје на селото и место за дружење, одмор и гордост на сите жители на Булачани.

Можете да прочитате

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и една клика луѓе кои 20 години го ограбува

(Видео) „Реално“ со Марко и Дејан Митески: Аеродром може да остане зелена и мирна општина

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче