Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Нови злоупотреби во ОИК Кратово, трудов инспектор а работи за ДПМНЕ, ДИК да реагира

Sdsm a a.jpeg
Dik 300x250 mk


Прес конференција на СДСМ, Александар Алексовски, Правна Комисија на СДСМ:

Нови изборни злоупотреби во режија на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово. СДСМ остро реагира на најновиот скандалозен пример на судир на интереси и злоупотреба на изборниот процес во Општина Кратово, во режија на ВМРО-ДПМНЕ.


Димитар Митевски, трудов инспектор, во исто време е и заменик член на Општинската изборна комисија во Кратово, што само по себе е конфликт на интереси и кршење на изборните правила.

Дополнително, истиот тој е фатен како агитира „врата до врата” за ВМРО-ДПМНЕ.

Еве ја таа фотографија.

Ова претставува флагрантно прекршување на законската одредба дека членовите на изборните комисии не смеат политички да се активираат.

Но, скандалот не завршува тука. Сопругата на Митевски, Даниела Тодосова Митевска, е кандидатка за советничка на листата на ВМРО-ДПМНЕ, под реден број 3.

Ова е уште еден класичен пример на судир на интереси и директна компромитација на интегритетот на изборниот процес.

Како стигна името на Митевски во списокот доставен од министерот Минчев до Државната изборна комисија?

Бараме ДИК да регира и веднаш да го разреши.

Ова не е изолиран случај, туку уште еден доказ за систематските изборни злоупотреби на ВМРО-ДПМНЕ, свесни дека довербата кај граѓаните им паѓа од ден на ден.

СДСМ бара веднаш да се отстрани Димитар Митевски од составот на ОИК во Кратово, да се утврди одговорност кај сите инволвирани и да се спречат понатамошни злоупотреби на институциите во партиски цели.

Можете да прочитате

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ

Реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“ од 16 век вратено во библиотеката во Охрид

Филипче: Реформската агенда е единствениот начин да почне да се враќа довербата во судството