Утрински Весник
Скопје

Каја Шукова: Радишани заслужува чист, безбеден и жив пазар

Shukovaradishani.jpeg

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денес оствари средби со продавачи и купувачи на пазарот во Радишани. Во отворен разговор, жителите посочија конкретни потреби: почист и поорганизиран пазар, подобро осветлување, повеќе корпи за отпад, регулиран паркинг и редовна контрола на хигиената.

„Енергијата и идеите на луѓето од Радишани се јасен сигнал што треба да се направи веднаш. Како градоначалничка ќе воспоставам јасен распоред за чистење и миење на пазарниот простор, ќе го подобриме осветлувањето и пешачките приоди, ќе воведеме означени паркинг-зони за ред и безбедност, а малите продавачи ќе добијат фер услови и промотивни викенд-настани,” изјави Шукова.


Таа додаде дека пазарот е важен економски и социјален центар на маалото: „Радишани заслужува пазар каде локалната економија расте, а соседството се поврзува. Тоа е духот на нашата визија — „Се бориме за нашиот дом” почнува од ваквите места.”

Можете да прочитате

Две угинати кучиња во Кисела Вода, сомнеж за намерно труење

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

Утре, традиционален планинарски марш на Водно