Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Кусакатска: Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром

Img 1783.jpeg
Img 7972

Изјава за медиуми, Кусакатска, кандидатка за советник во Советот на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата

Пред само четири години ВМРО-ДПМНЕ, со Дејан Митески и Тимчо Муцунски, ветуваа дека Аеродром ќе добие 100.000 квадратни метри ново зеленило и нови паркови. Денес, по четири години, нема ниту еден нов парк.


Наместо зелен Аеродром, гледаме пожолтени тревници, неискосени површини, урната урбана опрема и расфрлано ѓубре.

Паркот „Радост” во Реонски центар – наместо да го завршат уште во првата година – четири години подоцна сè уште не е готов.

Парк кај касарната „Гоце Делчев” – ветен, но нема ни проект.

Нов парк во Ново Лисиче со содржини за сите возрасти – само празно ветување.

„Паметен систем за наводнување” – не можат да ги поправат ни старите прскалки.

Паркот „Авионче” требаше да стане мал луна парк – останува запуштен простор со паркирани возила на тревниците.

Нови паркови за миленици во секој дел од Аеродром – ниту еден не е изграден.

Митески и Муцунски не само што не подигнаа нови паркови, туку ги оставија да пропаднат и оние што беа подигнати претходно.

Аеродром, некогаш најзелената општина во Скопје, денес е симбол на запуштеност и ѓубре на секој чекор.

Затоа прашуваме:
Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат од граѓаните?
Имаат ли Митески, Муцунски барем трошка срам за она што го направија – или подобро речено, не го направија?

Време е да ја вратиме општината во рацете на луѓе што работат.

Аеродром заслужува вистински паркови, чист воздух и уредени јавни простори.

Заедно со Вас граѓаните ќе се избориме за Аеродром, ќе се избориме за нашиот дом!

Можете да прочитате

НОМАГАС со реакција по најавата на ЈСП дека нема да има автобуси

Шукова: Секој граѓанин ќе плаќа според тоа колку отпад создава, а не според квадратурата на домот во кој живее

Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба