Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Шабан Салиу: Доста слушаме едно исто, промена во Шуто Оризари мора да има

Saliufoto11.jpg
300x250 opst2

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.

„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела”, порачува Салиу.


Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.”

Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.

„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари”, додава Салиу.

Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.

 „Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци”, порачува Салиу.

Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.”

Можете да прочитате

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

НОМАГАС со реакција по најавата на ЈСП дека нема да има автобуси

Шукова: Секој граѓанин ќе плаќа според тоа колку отпад создава, а не според квадратурата на домот во кој живее