Утрински Весник
Спорт

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

20251015075412 big 730x400 5.webp.webp

Англија синоќа на гостински терен ја  победи Летонија со 5:0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година.

Хари Кејн постигна два гола, додека Ентони Гордон и Еберечи Езе постигнаа по еден гол, а домашниот фудбалер Максим Тонишевс додаде еден автогол.


По победата во Рига, Англија обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година. 

Англичаните се лидери во групата К со 18 бода, додека Албанија, на второто место со 11 бода, изгуби секаква шанса да ја стигне Англија. Летонија е четврта со пет бода.

Можете да прочитате

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена