Утрински Весник
Магазин

Лила со емотивна порака за Панчо – Куме, пејте заедно со Андреј на небото…

Lila pancho.jpg

По страшната вест која денес одекна низ целата држава, дека нѐ напушти и Панчо од ДНК, бројни пријатели на музичарот, познати и непознати за јавноста, се простуваат од својот другар, соработник, сакан музичар, на социјалните мрежи.

Секоја порака пече, боли. Боли заминувањето на млад и толку талентиран човек од нашата држава.


Во низата зборови на збогувања, вo очи ни падна прошталната порака на водителката Лила Филиповска, проследена со фотографија на која се заедно со пријателот, со пејачот, со оној што таа го нарекува – кум.

„Куме барам зборови, немам зборови со кои би опишала како ја доживеав оваа вест …. Сѐ уште не верувам дека твоето ГОЛЕМО срце не издржа. Ова што го пишав на сликава пред неколку месеци верував дека така и ќе биде…, ама ти куме одлучи да не го оставиш Андреј сам…, земјата плаче а небото се радува зошто доби уште еден ангел. Пејте заедно и знајте дека вечно ќе фалите“ – напиша Лила.

Можете да прочитате

Големи настани и безвременски шарм: Водич низ Истанбул

Дневен хороскоп за 15 мај 2026 година

Global Engineer Girls North Macedonia дел од средбата на девојки-инженери од осум држави