Утрински Весник
Македонија

Македонската вештачка интелигенција ќе се вика Везилка

Ai.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за дигитална трансформација го претстави „Везилка“ – новиот Национален центар за вештачка интелигенција. Проектот е вреден околу 6 милиони евра и се реализира со поддршка од ЕУ преку Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, ко-финансиран од Министерството и ФИНКИ, кој е и носител на проектот. „Везилка“ е позиционирана како капитален потег во дигиталната трансформација на земјата, со цел да ја приближи македонската академија и индустрија до европската технолошка инфраструктура.

платено политичко рекламирање

Центарот ќе биде придружна единица (antenna) на европската „AI фабрика“ Pharos, со седиште во Грција. Тоа ќе им отвори пристап на македонските институции, истражувачи и стартапи до европски суперкомпјутери и напредни податочни простори, како основа за развој и тестирање на решенија базирани на ВИ.


Везилка“ е дизајнирана со пет приоритетни насоки: јазик и култура (системски развој на македонски јазични модели и дигитална заштита на наследството), здравство (анализа на здравствени податоци), енергетика (оптимизација на производство и потрошувачка), јавна администрација (автоматизација и транспарентност) и земјоделие (паметни технологии за одржливо производство). Паралелно, центарот ќе нуди обуки, практични програми и развој на кадар за ИТ и ВИ.

На регионално ниво, Европската комисија најави ширење на мрежата на „фабрики за ВИ“ на Западен Балкан со две „антени“ – во Северна Македонија и Србија – со цел компаниите во регионот да добијат директен пристап до европската инфраструктура за ВИ. Во најавата беше нагласено дека „компјутерската моќ на Унијата“ ќе биде ставена на располагање на регионот.

Според ФИНКИ, една од првите задачи е создавање квалитетен корпус на македонски текстови и податоци за тренинг на јазични модели што ќе се хостираат локално, со акцент на приватност и дигитален суверенитет. Примената потоа ќе се шири преку секторските проекти во здравство, енергетика, администрација и земјоделие.

Можете да прочитате

СДСМ има нова нов тим, нова сила-нова енергија

Најстудено во Берово -6 степени

Одбележувањето на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје