Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Митовски: Најавувам ред и сообраќајна револуција во Гази Баба, три нови кружни текови

Mitovski sdsm.jpeg
Dik 300x250 mk

Изјава за медиуми, Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба

Почитувани граѓани,


сообраќајниот хаос кој владее во нашата општина мора конечно да запре. Гази Баба денес се наоѓа на најниско сообраќајно ниво од нејзиното постоење. Наместо да се развива плански и рамномерно, се гради без визија и без стратегија.

Затоа, еден од моите први приоритети ќе биде решавањето на сообраќајните тесни грла. Токму овде — на крстосницата на улицата „Киро Глигоров” со „Индустриска” — ќе се изгради кружен тек кој значително ќе го намали метежот во ударните часови. Оваа точка претставува клучна сообраќајна артерија која ја поврзува општината со Аеродром, а дополнително, во овој дел се изградени бројни нови висококатници во кои се вселија многу жители.

Истовремено, на сегашната раскрсница што ги поврзува улицата „Благоја Стефковски” со улицата „Маџари”, ќе биде изграден втор кружен тек — затоа што токму тука секојдневно се создава најголем сообраќаен метеж и нервоза кај возачите.

Како трет клучен проект за намалување на сообраќајнит метеж е и изградба на клучка или кружен тек на влезот од Скопје на бул. Александад Македонски, решение кое ѓи ги поврзе Хиподром и Инџиково со автопат и значително ќе го растерети сообраќајот по ул. Благоја стефковски и М.а. Ченто.

Со овие мерки, Гази Баба ќе стане пример за модерна и сообраќајно уредна општина.

Можете да прочитате

Шукова: Капиталните проекти во Скопје стојат нереализирани поради застој и несоработка на ВМРО-ДПМНЕ

Османи за Меџити: 20 години работел без план сега ќе прави мастерплан

ЈПДП врши санација на потпорен ѕид на потпатник на скопската обиколница