Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Се одложи судењето на Зоран Јованов поради отсуство на обвинителот

Zoran jovanov.jpg
300x250 opst2

Судењето против Зоран Јованов, обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, денеска беше одложено во Основниот кривичен суд во Скопје поради отсуство на обвинителот Александар Марковски. Според информациите, Марковски најавил присуство на Варшавската конвенција, поради што не присуствуваше на рочиштето.

Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако Обвинителството врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог кој првично беше „предизвикување општа опасност“.


Обвинителниот предлог против Зоран Јованов, следува откако неговиот син, Васил Јованов, во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова, која почина на самото место.

Обвинителството тврди дека преку родителска попустливост, таткото придонел за создавање на опасната состојба.

Адвокатот Сашко Дуковски го оцени обвинението како правно неосновано и најави барање за детално образложение за секој поднесен доказ, нарекувајќи го случајот „правен преседан незабележан во македонската правна историја.

Можете да прочитате

Димитриевски: Куманово прераснува во регионален економски центар

Филипче: Со Вачно Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот

Симонов: Приоритет е енергетски ефикасна општина и борба против регионална депонија