Утрински Весник
Македонија

Таравари: Ако останев во Владата ќе требаше да молчам како Изет и Биљал и да добивам министерска плата

Taravari 1024x576 1.jpg

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, им рече на поддржувачите на митингот во Гостивар дека одлуката за дистанцирање од Владата била неопходна.

„Ја напуштивме владата со радост, бидејќи беше неподносливо“, изјавил Таравари


Во својот говор, Таравари споменал две алтернативи за кои, рече тој, се дискутирало во партиските кругови.

„Ја напуштивме владата доброволно, бидејќи беше неподносливо. Моите блиски пријатели добро го знаат тоа – имавме две опции од кои едната опција да освоиме некои општини со ВМРО. Дали ќе ги освоевме? Да, но, каде ќе одевме? Ќе одевме кон дефакторизација на Албанците во локалната самоуправа. Ако требаше лично да размислам за тоа, ќе морав да останам таму како Изет и Биљал – да молчам и да добивам министерска плата, иако во Тетово, Гостивар и Чаир, градоначалникот би бил марионета, исто како што се сега министрите“, рече Таравари.

Можете да прочитате

ДЗС: Опасна граната тешка околу 45 килограми пронајдена кај Неготино

Левица: Државата ги осудува граѓаните на кираџиство – становите во Скопје поскапеа за 13,3%

Сончево со мала облачност – 24info.mk