Утрински Весник
Македонија

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи

Strumicza7.jpeg

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од митингот во Струмица „Се бориме за нашиот дом”, испрати порака, дека партијата се враќа и ќе победи. 

„Од тука тргнаа политичари кои ја менуваа државата. Од тука тргнаа политики кои носеа развој, правда и слобода. Од тука секогаш се раѓала надежта. Затоа од овде, од овој плоштад, ќе ја испратиме најсилната порака: СДСМ се враќа! И СДСМ ќе победи!”, порача Филипче.


Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, исто така рече дека струмичани секогаш биле тука кога било потребно да се донесат клучните одлуки за државата.

„Струмичани секогаш стоеле исправено и обединето кога било потребно. Кога Македонија имала потреба од силен и  одлучен чекор за борба против ненародната власт на ВМРО-ДПМНЕ. И сега повторно Струмица е на нивото на задачата. Струмица е симбол на отпор. Симбол на напредок и симбол на победи. Вечерва гледам очи полни одлучност. Гледам народ што знае кому да му верува. Затоа што во Струмица не поминуваат лагите и манипулациите на власта. Струмица препознава работа и визија. Препознава чесен труд затоа што е град на трудољубиви луѓе”, рече Филипче пред струмичани.

Филипче се осврна и на кандидатот за градоначалник, Марјан Даскаловски.

„Вие, струмичани, многу добро знаете кој е Марјан Даскаловски. Човек од теренот. Човек од градот. Човек од народот и човек за народот. Вие добро го знаете, теренец 4×4, незапирлив. Цел живот со и за струмичани и Струмица.

Марјан, заедно со советниците од нашите редови се обврзаа да го слушнат секој глас, секој предлог и секој проблем. Од секое населено место, од секоја улица, од секоја заедница, затоа што за нас секој е важен, без исклучок.Ние имаме јасна визија за Струмица и знаеме како да направиме таа визија да стане реалност.Овој тим за Струмица и СДСМ за Македонија ја преземаат одговорноста да ја однесеме државата и граѓаните кон јасна иднина со грижа и решенија за реалните проблеми. СДСМ не е партија која во криза се повлекува. СДСМ е партија којашто се соочува со проблемите“ порача Филипче

Можете да прочитате

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка

ЕСМ: Платата ќе биде во законскиот рок, се ажурираат податоци на вработени