Утрински Весник
Балкан
Img 7972

На први ноември ќе има големо насилство, вели Вучиќ

Vucik.jpg
300x250 opst2

Студентите и опозицијата во Србија за први ноември, годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад подготвуваат голем протест во Белград, како продолжување на антивладините протести кои траат безмалку една година.

На 1 ноември ќе има насилство, изјави претседателот на Србија, Александара Вучиќ, и дополни дека „едно големо ништо нема да се случи, како и секој пат“, освен што ќе има големо насилство, кое, како што рече, опозицијата веќе го најавува.


„Јасно е дека ќе има насилство, сè ќе им биде јасно на луѓето, луѓето ќе разберат сè и тоа е тоа. Нема голема филозофија, но вистинскиот резултат ќе биде дополнителен стрмен пад на нивната популарност“, рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање да ги коментира најавите на опозицијата и студентите во блокадата дека 1 ноември ќе биде ужасен ден.

Тој рече дека ова ќе биде трендот на нивната популарност и на нивните политички претставници.

„Немам ништо против тоа, им посакувам успешна работа во тоа прашање, само нека продолжат“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека луѓето не треба да се плашат или да се грижат.

„Одамна помина времето кога можеа дури и да сонуваат и кога имаа значајни безбедносни структури, или лажни безбедносни структури, и повеќе агенциски структури под нивна контрола. Сега дури и оние што не се заменети, знаеме кои се тие и не можат да нè изненадат. А многумина веќе се заменети, многумина ќе бидат, така што нема проблем“, рече Вучиќ.

Што се однесува до народот, тој рече дека волјата на народот е повеќе од јасна и дека граѓанскиот отпор, според него, нема поддршка од мнозинството во Србија.

Можете да прочитате

Инцидент во Хрватска: Се туркале двајца тинејџери, наставнички на едниот му го спасувале животот

Турската централна банка нема да издава поголеми банкноти и покрај инфлацијата

ЕУ најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија