Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Црната кампања на ДПМНЕ прерасна во паника– со лаги се обидуваат да го прикријат хаосот во енергетиката и во РЕК

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ е во очај. Наместо резултати, проекти и решенија за граѓаните, тие секој ден измислуваат нови лаги и манипулации за претседателот на СДСМ. Денешната прес-конференција е класичен пример на црна кампања која прераснува во политичка паника.


Она што го говори ВМРО-ДПМНЕ е целосна невистина без било каква основа, ниту пари од тендери завршувале кај фирми за кои зборуваат ниту пак на било кој начин е поврзан претседателот Филипче. Тоа се лажни обвинувања и измислени конструкции.  Впрочем ако имаше барем трошка вистина, немаше да поставуваат прашања на прес-конференција. 

Очигледно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никакви резултати да им ги покажат на граѓаните, па затоа целиот фокус го насочуваат кон црна кампања против претседателот Венко Филипче и СДСМ.

Ова веќе добива комични димензии, каде е видено власт да зборува само за опозицијата, а да не каже ниту еден збор за своја политика, проект или успех?

СДСМ ќе продолжи да се бори за вистината и да ги разобличува лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, енергетиката е во целосен хаос, во РЕК Битола се уште не работи Блок 3 на праг на грејна сезона.  

Колку повеќе Мицкоски се крие зад лажни прес-конференции, толку појасно станува дека вистинскиот проблем е нивното владеење и неспособноста, од економијата, преку енергетиката, до секоја друга област.

Можете да прочитате

Вчера уапсени 11 возачи низ Македонија

Четири нови случаи на семејно насилство во последните 24 часа

Струмичанец тешко повреден откако со мотор излетал од патот