Утрински Весник
Македонија

Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола

559305999 768278269537402 3525188009857772347 n.jpg

Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола. Пожарникарите од ТППЕ Битола успешно се справија со ситуацијата во која истекуваше плин од возилото.

По примена дојава во 15:30ч. за запалено возило во Горно Оризари ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 5 пожарникари.


При интервенцијата од возилото успешно и професионално е отстранета и дислоцирана плинска боца под притисок која испушташе плин и претставуваше опасност за населението и објектите околу неа.

Со храброста, посветеноста, дисциплината и секојдневните многубројни и високоризични интервенции ТППЕ Битола повторно jа докажаа својата професионалност, стои во објавата на битолските пожарникари.

Можете да прочитате

Eурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се однесува како „куче што лае, ама не каса”

РЕВОЛУЦИЈА БЕЗ ЕВОЛУЦИЈА, Анализа на програмата Македонија 2030