Утрински Весник
Македонија

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти

Venko izjava sdsm.jpeg

На новинарско прашање како го коментира најновиот скандал со директорот на Неврохирургија Кузмановски, за кој излезе видео како конзумира дрога, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче одговори:

„Сметам дека треба да реагира лекарската комора во однос на тоа да се направи проценка дали и колку време наназад се случувало тоа, односно дали во една таква состојба доктор воопшто може да лекува пациенти. Така да, тоа е многу сериозно прашање, можеби во прашање биле доведени животи на некои негови пациенти доколку бил во некоја таква состава, сега да не прејудицираме, но ова работа заслужува сериозна анализа и проверка од страна на комората” рече Филипче.


Можете да прочитате

Министерот Серафимовски тврди дека е постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка 

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ

Тетовец лажнo ги обвинил своите баба и дедо дека му украле над 50.000 евра