Утрински Весник
Свет

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

20251010111408 big 730x400 21.webp.webp

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо.

„Таа ја добива Нобеловата награда за мир за својата неуморна работа во промовирањето на демократските права на народот на Венецуела и за нејзината борба за праведна и мирна транзиција од диктатура кон демократија“, се наведува во соопштението на Комитетот.


„Наградата за 2025 година оди кај храбар и посветен борец за мир, кај жена што го одржува пламенот на демократијата во време на растечка темнина“, додаде Комитетот во образложението.

Во него се истакнува и дека „како лидерка на Демократските сили во Венецуела, Марија Корина Мачадо претставува еден од највпечатливите примери на граѓанска храброст во Латинска Америка“.

„Во последно време, госпоѓа Мачадо стана клучна обединувачка фигура во некогаш длабоко поделена политичка опозиција – опозиција што најде заедничка основа во барањето за слободни избори и претставничка власт“, се наведува во соопштението на Нобеловиот комитет.

Можете да прочитате

Огромна инвестиција на Тојота во Индија – јапонскиот гигант планира три нови фабрики

Петер Маѓар го назначи зетот за министер

Во Финска почнуваат артилериски вежби на трупи од 10 земји во близина на руската граница