Утрински Весник
Македонија

Пронајдени седум лица мигранти, лишени од слобода двајца криумчари, следува соодветна пријава

Migranti 696x411 1.jpg

На 09.10.2025, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Б.М.(25) и В.Ч.(27), двајцата од Неготино. На 08.10.2025 околу 18:20 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, при што затекнале седум лица мигранти (шест од Египет, меѓу кои пет малолетници и едно од Ирак).

По преземени мерки констатирано е дека В.Ч. со патничко возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки бил претходница и го известувал Б.М. за поставеноста на полициски патроли на патот.


Известен е јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, тогаш Заев и Филипче да одговорат колку пари земале тие за продажбата на името

Пролетно сонце во Македонија: Нè очекуваат натпросечни температури

МОФ со реакција на Предлог Законот за високо образование