Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Судот го спаси газда Марковски од притвор – обвинителството се плаши дека ќе бега, имал многу имот во странство

Image 2025 10 09 143455099.png
300x250 opst2

Судот го одби барањето на обвинителството па битолскиот бизнисмен Борче Марковски наместо зад решетки, истрагата за евентуален криминал тежок над 100 милиони денари ќе ја следи од куќен притвор. Покрај него, од ефективен притвор се спаси и еден од поранешните технички директори во државната ЕСМ.

Од Обвинителството вчера доцна вечерта ја потврдија оваа информација и најавија дека ќе се жалат на оваа одлука на судот бидејќи сметаат дека постои ризик од бегство бидејќи познатиот битолски бизнисмен имал значителен имот во друга држава.


Обвинителството вчера го приведе Марковски заедно со уште 5 лица под сомнение за незаконски тендер со транспорт и монтажа на транспортни ленти во РЕК Битола. Според првичните информации, тој не ги реализирал обврските од тендерот, а Обвинителството се сомнева и дека целата јавна набавка била со цел да се испумпуваат пари од буџетот, бидејќи ископите во РЕК Битола се превзувале со камиони па транспортните ленти воопшто не биле потребни.

Марковски компани била една од омилените фирми на претходната власт. Во период од 5 години од тендери инкасирала преку 140 милиони евра, а голем дел од јавните набавки се договарале преку спогодби во 4 очи.

Во вчерашната акција на битолското обвинителство и Финансиската полиција осомничени се вкупно 8 лица. Шестмина беа приведени вчера а уште двајца веќе се во притвор за делата кои претходно беа отворени во РЕК Битола.

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори