
Соопштение за јавност на СДСМ:
Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Виктор Велевски, од трибината во Кавадарци ја побара довербата од граѓаните со порака дека борбата за Кавадарци е борба за европски град и достоинствена иднина, ослободена од корупција и крупни бизнис интереси.
„Кавадарци е нашиот дом, а битката за него е битка за социјална правда, права на работниците, перспективи и иднина на младите и претставува наша должност за да го одбраниме градот пред налетот на корумпираните олигархиско-бизнис интереси на крупниот капитал, корупцијата и криминалот”, рече Велевски.
Тој порача дека нема отстапување и нема компромис кога се работи за иднината на градот и иднината на новите генерации.
Во неговата визија, европско Кавадарци се темели на конкретни и остварливи проекти, базирани на реални потреби на граѓаните:
„Веднаш по преземањето на Општинската власт, заедно со тимот на советници ќе воведеме агро-берза со цел да му олесниме на нашиот земјоделец”, порача Велевски.
Меѓу најавените проекти се: зелена обиколница (зелен прстен) околу градот, гасификација за поевтино греење и почист воздух, изградба на современа пречистителна станица за заштита на Луда Мара, намалување на комунални сметки, олеснување за млади брачни парови со ослободување од комуналии, изградба на бизнис центар и старечки дом, поевтин и поквалитетен паркинг и јавен превоз, бесплатна градинка за семејства со ниски приходи, субвенции за заштитна опрема за земјоделци.
Велевски повика на обединување, со порака дека: „Кавадарчани се остроумен и паметен народ и сами го гледаат тоа што ДПМНЕ го вети и не го . направи. Затоа барам од вас да ги збиеме редовите, да бидеме вистински социјалдемократи затоа што ние немаме резервен дом. На 19. октомври да гласаме за број 5″, порача Велевски.