Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Османи: Меџити ги информирал медиумите дека нема да оди на ниедна дебата, се плаши од соочување

A.jpg
Img 7972

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во одговор на новинарско прашање уште еднаш реагираше поради одбивањето на неговиот противкандидат, Изет Меџити да учествува на телевизиски дуели.  

„Јас го штедев Меџити веќе неколку недели, бидејќи тој ги има одбиено сите претходни покани за дебати. Ја одби поканата на Телма, на ТВ24, како и на косовскиот медиум на Јета Џара”, изјави Османи.


Тој посочи дека Меџити дури испратил известување до сите медиуми на албански јазик дека нема да учествува на дебати, што според Османи, е доказ дека се плаши од директно соочување и одговорност за своите политики.

„Има пратено порака до сите медиуми на албански јазик дека нема да учествува на дебати. Но, јас тоа не го покренав како прашање, бидејќи ја гледате мојата кампања. Имам толку проекти што немам време да се занимавам со стравовите на противниците”, рече Османи.

Османи додаде дека очекувал Меџити да се појави барем на дебатата на Македонската телевизија, „каде што, на некој начин, е на свој терен”, но дека и таму ја избегнал шансата за соочување.

„Но, кога не се појави ни таму, тогаш морав да им кажам на граѓаните дека ова е состојбата, некој се крие, некој нешто крие, и затоа не се појавува да се соочи со граѓаните и со противкандидатите”, изјави Османи.

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Трајановски: 90 секунди за лажните ветувања на ВМРО

Јаневски: Руралниот дел од Ѓорче Петров ќе биде простор за еко-туризам и мали винарии

(Видео/Фото) Жителите на ул. Финска до Тошковски: Бараме заштита за да не дојде до нова трагедија како во Велес