Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Царинска управа: Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон”, случајот откриен на Ново Село

Image 2025 10 09 120724272.png
Img 7972

Поднесена кривична пријава до две лица за сторено кривично дело „криумчарење” мобилни телефони „Ајфон” во вредност од 355 илјади денари.

Делото е откриено на влез на граничен премин Ново Село, кога при извршен детален преглед на возилото со кое патувале осомничените, во багажниот простор се откриени вкупно пет нови „iPhone 16″, од кои три „iPhone 16 Pro Max”, како и еден употребуван „iPhone 16 Pro Max”.


Случајот е предаден во Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, од каде се преземени предистражни дејствија. Во постапката е утврдено дека првоосомничениот, по договор со второосомничениот, во негово име ги презел мобилните телефони кои претходно биле порачани преку интернет од лице во Бугарија, за кои биле платени пет илјади евра во криптовалута.

По преземањето, телефоните биле скриени во багажниот простор со цел да се избегне царинската контрола и плаќање давачки кон државата во износ од 64 илјади денари.

Телефоните се запленети, а против сторителите е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Струмица.

Можете да прочитате

Се огласи таткото на Мартин, кој загина во експлозијата во Белград: Тој беше измамен, не беше криминалец

Време е за ресет на системот, судиите мора да судат според законот, порача Мицкоски

Филипче: Со Лазар Петров Демир Капија станува модерен винско-туристички центар во југоисточна Македонија