Утрински Весник
Скопје

Ливриниќ: Визбегово како уредна и поврзана населба со нови тротоари, градинка и мини плоштад

O11.jpg

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, оствари средби со жителите на населбата Визбегово, каде што разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и ги претстави приоритетните мерки од својата програма за овој дел од општината.

Во Визбегово кога врне и кога не врне е исто – тротоари немаме. Тоа мора да се промени. Мој приоритет ќе биде изградба на тротоари на сите улици и асфалтирање на улиците и нивните краци, за да имаме уредна и безбедна населба. Планираме и поставување лежечки полицајци на повеќе локации за да ја зголемиме безбедноста на пешаците, истакна Ливриниќ.


Таа додаде дека грижата за животната средина и за животните мора да биде дел од локалната политика, најавувајќи изградба на стационар за кучиња и програми за уредување на јавните површини.

Како дел од визијата за поквалитетен живот, Ливриниќ најави и мини плоштад во центарот на населбата, опремен со урбана опрема – простор за дружење, културни настани и заедништво на жителите.

„Старото училиште ќе добие нова функција – детска градинка. Визбегово заслужува современ и безбеден простор за нашите најмали”, додаде таа.

Во соработка со Град Скопје, ќе биде воведена и нова автобуска линија Радишани – Визбегово – Карпош, со што ќе се подобри поврзаноста и ќе се намали сообраќајниот метеж.

„Визбегово ќе го направиме пример за тоа како една населба може да биде уредна, безбедна и пријатна за живеење. Ова не се ветувања, туку план кој заедно со жителите ќе го спроведеме”, порача Оливера Ливриниќ.

Можете да прочитате

Без вода утре МАНУ, Основен суд 2, ТЦ „Мавровка“, МКЦ, НУБ, УКИМ и други објекти, како и дел од чаршијата

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација нема да работат за време на празникот

Ѓорѓиевски: Овој ден е силен потсетник за важноста на волонтерството