Утрински Весник
Македонија

14-годишното девојче кое по 22 часа на ден беше заклучено во затворот Идризово за да не се види со осуденичките е префрлено во воспитно-поравен дом каде е сама

20191205 oglas za vrabotuvanje vo kpu kazneno popraven dom idrizovo m 284700 284770 303098 377975.jpg

Девојчето на возраст меѓу 14 и 15 години, кое со воспитно-поправни мерки судот го прати во затворот во Идризово каде 9 месеци беше заклучено по 22 часа, денеска е префрлено во Воспитно-поправниот дом (ВПД) „Тетово“ во Волковија. Тоа е единственото девојче во Македонија кое во моментов има изречено воспитно-поправни мерки (што не е затворска казна), па затоа во „Тетово“ доби цела зграда само за неа, објави СДК.МК.

Од јануари годинава, тоа мораше да седи заклучено по 22 часа на ден во женскиот дел кај возрасните осуденички во Идризово, за да не дојде во контакт со нив. Во „Тетово“ немаше услови за девојчиња, односно немаше ограда со која физички и визуелно би се одделиле девојчиња со воспитни мерки од 20-ината момчиња кои се згрижени таму и се со исти судски одлуки како нејзината.


Девојчето наскоро ќе почне и со настава, која според законот треба да биде сосема одделена од таа на момчињата-штитеници во Домот.

Судот кој му ја изрекол воспитно-поправната мерка на девојчето, го пратил на издржување во затворот „Идризово“, бидејќи нема каде.

На 4 септември, САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека Народниот правобранител штом дознал, по сопствена иницијатива отворил предмет за детето кое не е ни осуденичка, а од јануари 2025 седеше само во затворот „Идризово“ во близина на осуденичките за тешки кривични дела. Советничката Васка Бајрамовска-Мустафа, која го води одделот кај Народниот правобранител за правата на децата, вели дека е задоволна што конечно девојчето е оттргнато од затворот „Идризово“ и што ќе ги има сите услови за престој и ресоцијализација во „Тетово“.

Целиот текст прочитајте го на Сакам да кажам со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со над 1,5 промили алкохол во крвта

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да создаде лажен скандал со интерпретации и класични дезинформации

Имаме и ние „Ќаци” препишувачи, безидејното ДПМНЕ го копра Вучиќ