Утрински Весник
Македонија

По смртта на Панчо Минов, носител на листа за независни советници е неговата ќерка

560765874 1351282866368649 7080642176674754147 n.jpg

По смртта на носителот на независна листа за Кавадарци, Панчо Минов, носител на независната листа за советници е неговата ќерка – Лимба Минова Златевска.

Со предлагањето на Минова Златевска, учесниците во изборниот процес го запазија рокот за предлагање на кандидати.


Во роковникот за локалните избори 2025 година пишува:

„Ако некој од кандидатите кои се предложени на потврдената кандидатска листа за избор на член на совет на општината и Градот Скопје умре во периодот од денот на потврдувањето на кандидатските листи, политичката партија односно коалицијата, кои го предложиле тој кандидат, можат на местото на истиот да предложат друг кандидат, а ако е предложен од страна на група на избирачи може наместо него да предложат друг кандидат без собирање на потписи во постапката за кандидирање утврдена со Изборниот законик, најдоцна до 10 дена пред денот на одржувањето на изборите – најдоцна на 08 октомври – 24:00 часот“, пишува во Роковникот.

Поранешниот пратеник и градоначалник на Кавадарци почина денеска, беше носител на независна листа за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври со втор круг на 2 ноември.

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со над 1,5 промили алкохол во крвта

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да создаде лажен скандал со интерпретации и класични дезинформации

Имаме и ние „Ќаци” препишувачи, безидејното ДПМНЕ го копра Вучиќ