Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Мицкоски: Инфлацијата се намалува, нема зголемување на ДДВ, нема прифаќање ултиматуми

Mickoski pres .jpg
300x250 opst2

Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период да се намалува. Тоа е добра вест и за граѓаните, бидејќи на тој начин и тие ќе имаат подобар стандард и поквалитетен живот. Очекувам во следните два квартали да ја одржиме стапката на раст во рамки на бруто домашниот производ и во вториот квартал да порасне некаде околу 7,8 отсто што е важно, бидејќи кога го пресметувате буџетскиот дефицит важен е номиналниот раст на бруто домашниот приизвод, кои ќе биде највисок досега, истакна премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот Бизнис форум што се одржа во Струмица.

Тој очекува во рамките на буџетската консолидација оваа година дека ќе заврши да е на ниво под 4 проценти буџетски дефицит.


-Консолидирањето започна лани, не успеавме во 2022 и 2023 година и ќе продолжи наредната година и да дојдеме под оние 3,5 проценти, кои се нормални во европските земји. Очекувам стабилна макроекономска политика и имаме притисок за зголемување на ДДВ, но тоа нема да се случи-останува 18 отсто, иако имаме притисок за зголемување на старосната граница за одење во пензија, ние донесовме закон да бидат ангажирани пензионерите и да си платат даноци и придонеси. Нема да има зголемување на даноците, освен оној данок што мора да го зголемиме, тоа данокот на профит од 15 отсто кај одредени компании кои ги исполнуваат условите кои ги има наметнато ОЕЦД. Кај нас такви се три типа компании-странски кои работат во економските зони, странски инвеститори кои не работат во зоните и домашни компании коишто се во сопственост на мултинационални компании кои работат во Македонија, посочи Мицкоски.

Очекува во годините што следуваат да се води стабилна макроекономска политика, стабилна промакедонска политика дома и надвор и останува интреграцијата во ЕУ, но не по секоја цена затоа што ценат дека како Влада доволно е направено, односно, како што рече, веќе нема услов за безусловно прифаќања на било какви диктати или ултиматуми.

-Ние ќе си ја напишеме домашната задача во делот за планот за развој и економската агенда, ние ги испорачуваме. Ние ќе ги направиме сите реформи, ќе се развиваме на начин на кој се развиваме, но повеќе билетарелни уцени оваа влада и додека јас ја водам оваа влада таков тип на прифаќање нема да има, како што беше случај во минатото. Нас ни треба стабилен чекор, нека биде ситен, но да биде стабилен напред до моментот на консолидирање. Ако некој му текне и ја викне нашата земја таму- се знае тоа е политичка одлука на други, а не на Македонија. Ние јасно сме кажале дека нашата иднина е да бидеме таму, додаде премиерот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на Обвинителство, а клучот е некаде на Бихаќка

Филипче од Кривогаштани: Економијата е во пад, народот има сè помалку пари, а власта не презема ништо

Кривични пријави за четворица – пукале на семејна веселба – од жена одземен пиштол со 34 куршуми