Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Антициклон над источна и североисточна Европа е виновникот за ладното време кај нас

Meteoalarm.mk 14.jpg
300x250 opst2

Метео анализа на Славчо Попоски:

Граѓаните  и тоа како се изненадени оваа година од раното доаѓање на ладното време  и поранетиот снег, како и порано започнатата грејна сезона. Токму поради ова од моја страна решив да дадам анализа  и информација зошто токму олку рано имаме невообичаено ладно време за почетокот на месец октомври.


Веќе со денови над североисточна  и источна Европа е стациониран Антициклон, односно поле со висок воздушен притисок и стабилно и суво време. Токму овој Антициклон условува слободно од север кон нашите предели да се спушта многу ладен воздух кој е невообичаен за почетокот на месец октомври. Кога ладниот воздух ќе пристигне до Средоземјето секундарно доаѓа до формирање на циклонски систем (поле на низок воздушен притисок) . Поради големата влага во овој дел од Европа изминативе денови Балканот беше погоден од обилни снежни врнежи кои освен на планините ги имаше  и во дел од местата со помала надморска височина.

Токму овој циклон услови на планините во Црна Гора  и Србија локално да наврне и над половина метар снег. Снегот  и тоа како создаваше проблеми деновиве во регионот како да сме во среде зима. Овој е  многу редок феномен кога ладното време и зимата започнуваат многу порано, но сепак се случувало и многу одамна кога сме имале навистина многу ладни и снежни зими.

Можете да прочитате

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?