Утрински Весник
Економија

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Pari.webp.webp

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува -0.2 отсто, соопшти Државниот завод за статситика.

Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни стоки и услуги за 0.2 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.1 %.


Во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2.8 %, Комуникации за 1.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.8 %, Здравје за 0.4 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %.

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува 99.3.

Индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 %.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра