Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Орце Ѓорѓиевски: Кружниот тек кај „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“ е приоритет за безбеден сообраќај

Kruzen tek2.jpg
300x250 opst2

Изградба на нов кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, целосна реконструкција на неколку клучни улици и рекултивизација на реката Серава – се дел од проектите што денеска ги претстави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

На прес-конференцијата во Бутел, заедно со актуелниот градоначалник Дарко Костадиновски, кој повторно ја доби довербата на својата партија да се кандидира за втор мандат, Ѓорѓиевски истакна дека овие проекти се насочени кон подобрување на безбедноста, мобилноста и квалитетот на живот на жителите.


„Изградбата на кружниот тек ќе ја подобри сообраќајната безбедност во еден од најфреквентните делови на Бутел. Улицата ‘Александар Урдаревски’ е сообраќаен правец што секојдневно го користат илјадници граѓани, особено поради близината на градските гробишта“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави и целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, со нов асфалт, подобрена дренажа, пешачки патеки и современо осветлување. Пред започнување на работите ќе биде поставена атмосферска канализација за решавање на долгогодишниот проблем со поплави при поројни дождови.

Меѓу приоритетите е и поврзување на улицата „Бутелска“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во близина на обиколницата, што, според него, ќе ја олесни сообраќајната комуникација, ќе ги намали гужвите и ќе го зголеми нивото на безбедност.

„Посебно внимание посветуваме и на стратегиските правци, како реконструкцијата на стариот Качанички пат кај Визбегово. Тоа е проект од огромно значење за Бутел и Чучер Сандево, бидејќи директно го поддржува развојот на Економската зона Визбегово и отвора нови можности за локалната економија“, додаде Ѓорѓиевски.

Во својата програма тој вклучи и изградба на нов мегапарк вдолж булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, проширување на булеварот „Цветан Димов“ во Чаир и изградба на булеварот „Хрватска“ во Гази Баба.

Како еден од најзначајните долгорочни проекти, Ѓорѓиевски ја издвои рекултивизацијата на реката Серава:
„Со оваа интервенција ќе се обнови целиот речен појас, ќе се уреди со пешачки и велосипедски патеки, автохтона вегетација и јавни содржини. Серава ќе стане чиста, безбедна и достапна зона што ќе го подобри квалитетот на живот на жителите на Бутел и на целиот град“, нагласи Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Азири: Билансот на Бујар Османи е НУЛА за Чаир, сè за сопствената кариера и за пазарите на ДУИ

Трајановски: Две нови градинки и проширување на капацитетите на постоечките во општина Аеродром

Трајановски: Средношколците ќе добијат бесплатен и безбеден превоз – Скопје мора да биде град на решенија, не на изговори