Утрински Весник
Македонија

Бесплатни училишни униформи за сите ученици во Општина Крива Паланка

558166347 10234473061101951 109325250734689940 n.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Како дел од конкретните мерки за поддршка на учениците и олеснување на семејниот буџет, Општина Крива Паланка втора година по ред обезбеди бесплатни училишни униформи за сите ученици од основните и средните училишта на територија на Општината, вклучувајќи ги и 120 новозапишани првачиња.

Во духот на континуираната грижа и поддршка на учениците и семејствата, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес официјално им ги врачи бесплатните училишни униформи на сите ученици кои се запишани во учебната 2025/2026 година.


Оваа мерка за учениците е дел од поширока образовна политика на Општина Крива Паланка, која континуирано инвестира во подобрување на условите за учење, создавање безбедна и стимулативна средина, како и со практични мерки кои, директно им помагаат на учениците и нивните семејства.

Униформите се изработени од квалитетни и пријатни памучни материјали, прилагодени за целогодишна употреба, а учениците ги пречекаа со големо воодушевување.

Општина Крива Паланка и понатаму останува посветена на создавање подобри услови и можности за унапредување на образованиот процес за младите генерации, како и создавање на поволни стимулативни мерки во насока на олеснување на семејниот буџет на родителите.

Можете да прочитате

Ратификацијата на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија пред пратениците

Сообраќајот без застои, магла кај Демир Капија

Наутро магла, сончево со умерена облачност преку ден