Утрински Весник
Македонија

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

Piperki.jpg

– Високо ниво на пестицидот метомил, кој е штетен за луѓето, е пронајдено во црвени пиперки произведени во Северна Македонија, објави Европскиот систем за безбедност на храната (Систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна – RASFF).

Како што е наведено во соопштението за медиумите на таа европска организација, во пиперките увезени во Хрватска од Северна Македонија, по официјалната контрола на пазарот, гореспоменатата штетна супстанца е пронајдена на ниво од 0,049 милиграми метомил на килограм.


Дозволената содржина е 0,01 милиграми метомил на килограм, па бидејќи количината пронајдена во споменатите производи била пет пати поголема од таа, наредено е повлекување од пазарот на Европската Унија. Пазарната инспекција е спроведена на 23 септември, а официјалното известување е објавено на 3 октомври. Метомилот е инсектицид од типот карбамат кој е воведен во 1966 година и е познат по својата висока токсичност за луѓето и животните.

Можете да прочитате

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44 

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А-интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

Андоновски одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите