Утрински Весник
Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со албанскиот претседател Бегај во Драч

Foto 6.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони”, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери.

Соговорниците разговараа за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање.


Претседателот Бегај истакна дека дел од земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ. Тој изрази подготвеност за помош и поддршка во процесот на македонската евроинтеграција, додавајќи дека членството во ЕУ гарантира владеење на правото, заштита на човековите права и јакнење на демократскиот капацитет.

На средбата, обајцата ја повторија потребата од негувањето на меѓусебното партнерство на мултилатерален план. Истовремено, се согласија дека треба да се прошири и продлабочи соработката на сите полиња.

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?