Утрински Весник
Скопје

Изет Меџити и Бајрам Вардар утре ќе го презентираат Мастер планот за Чаир

20251004211541 big 730x400 28.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити, во соработка со светски познатиот архитект г. Бајрам Вардар, утре ќе го презентира Мастер планот за Чаир, резултат на два месеци интензивна работа на екипа од експерти во областа на урбанистичкото планирање и архитектура.

Овој Мастер план е подготвен со цел Чаир да се претвори во модел на одржлив развој и современ урбанизам во Скопје, одразувајќи ги современите потреби на граѓаните и историскиот, културниот и економскиот потенцијал на општината.


Г. Бајрам Вардар, урбанист со потекло од Скопје, кој живее и работи во Турција, ја предводеше екипата на експерти при изработката на овој стратешки план. Вардар има импресивна кариера во урбаниот развој на неколку од најголемите турски градови, како Истанбул и Бурса и бил дел од блиската екипа на г. Реџеп Таип Ердоган во периодот кога тој беше градоначалник на Истанбул.

Во експертската екипа меѓу другите членуваат и Надир Доган, урбанист дипломиран на Универзитетот “Гази“, основач на компанијата ND İMAR A.Ş. и експерт за просторни планови во голем обем за градови како Истанбул, Бурса, Коџаели и Трабзон, како и за бројни проекти за урбана трансформација. Потоа, д-р Мустафа Тутар, архитект дипломиран на Техничкиот универзитет во Истанбул, магистер на Универзитетот во Мисури (САД) и доктор по урбанизам. Тој е универзитетски професор и основач на компанијата Saydam Tasarım, со над 800 меѓународни проекти во областа на архитектонскиот дизајн и визуализација.

Покрај нив, во екипата се вклучени и други експерти од Турција и земјава, кои работеа заедно со локални урбанисти и архитекти за да обезбедат сеопфатен и прилагоден пристап кон реалноста и потребите на Чаир.

Официјалната презентација на Мастер планот за Чаир ќе се одржи утре (5 октомври 2025) на јавен настан, на кој ќе присуствуваат граѓани, експерти од областа, медиуми и јавни личности.

Можете да прочитате

Без струја делови од Илинден, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна