Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

20251004184841 big 730x400 17.webp.webp
300x250 opst2

Родителите на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од 16.март, денеска на 25. протестен „Марш за ангелите“ од пред Судот во Кочани, од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побараа целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвинението и кон другите вмешани лица,  итно преиспитување на решението за домашен притвор, како и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.

–  Дали Вие и сите други носители на највисоки функции досега не се запрашавте дека од 16.03.2025 година повеќе немате функција? Вие имате мисија! Мисија дали оваа држава ќе постои или ќе ја снема, рече Мита Тасева, мајка на починатиот диџеј Стефан Цеце Тасев.


Таа и другите родители сметаат дека наместо вистина и целосна одговорност се сведоци на пропусти и прикривања, при што биле принудени сами да го анализираат обвинителниот акт за да укажат на грешките. За нив, поразително е тоа што дел од осомничените се со мерки на претпазливост. Според нив, имало лица кои си ја купиле својата слобода со пари. 

-Ова е навреда за правдата и за целиот правен систем. Вашата должност е да обезбедите еднаков третман пред законот, а не да создавате систем во кој богатите и влијателните се неприкосновени, порачаa родителите на починатите, обраќајќи му се диретно на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски.

Протестниот марш, дваесет и петти по ред, започна од „Паркот на Револуцијата“, од каде поворката се упати кон Трговскиот центар, зградата на Управата за јавни приходи и полициската станица. Родителите петнаесетина минути стоеја на кружниот тек кај двојниот мост во Кочани и го блокираа сообраќајот. Оттаму се упатија пред зградата на Основниот суд и Обвинителство.

Маршот заврши каде  што и почна, во „Паркот на Револуцијата“.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?