Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

21. „Бела ноќ“ во Скопје

20251003181852 big 730x400 11.webp.webp
300x250 opst2

Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечер во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која традиционално се одржува во првата сабота од октомври. Организатори се Универзална сала и Град Скопје кои најавија разновидна културна програма и настани за кои влезот за посетителите е слободен.

-Целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена достапна за сите граѓани. „Бела ноќ“ е симбол на културната отвореност на Скопје – вечер кога улиците се исполнуваат со уметност, инспирација и дружење. Целта е да се поврзат граѓаните и уметниците преку заедничко искуство кое ја слави креативноста и културниот дух на нашиот град, соопштија организаторите. 


Настани ќе бидат организирани во Музејот на Град Скопје, Младинскиот културен центар, Културно-информативниот центар, Детскиот културен центар, Музејот на македонската борба, Домот на култура „Кочо Рацин“.

Настани ќе има и на отворено – од 20.30 часот музички перформанс на плоштадот „Филип Втори“, како и во скопската чаршија – во Сули ан ќе биде претставен француско-германскиот проект „Стара скопска чаршија: визии за иднината“ –  презентација на мултимедијалните креации создадени од студентите на Факултет за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Филозофскиот факултет, Филолошкиот факултет и Архитектонскиот факултет од Скопје. Програмата опфаќа креативни видеа, изложба на фотографии, историски наративи, литературни читања и архитектонски проекти за иднината на старата чаршија. Потоа во Сули ан ќе има концерт на електронска музика „Париз-Берлин-Скопје” со сетови на тројца диџеи.

Во програмата за „Бела ноќ“ се вклучува и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ каде што ќе биде промовирана книгата „Работилница за поправка на чувства (втора антологија на иднината)“ – збирка поезија, проза и драма на 15 млади креативци кои учествувале на  работилница за креативно пишување организирана од библиотеката.


Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Скопје нема време за експерименти, му треба работа и резултати

Изет Меџити и Бајрам Вардар утре ќе го презентираат Мастер планот за Чаир

Ѓорѓиевски: Оваа битка не е само за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град