Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Сите се подготвуваат за војна – тоа значи дека ќе ја има

677z381 Avucic Foto Tanjug.jpg

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на свеченото отворање на новата брза железничка пруга меѓу Белград и Суботица изјави дека светот влегува во многу опасен период и дека, според него, „сите се подготвуваат за војна“.

„Ќе биде сè потешко во светот. Ќе биде потешко и кај нас, затоа што луѓето мораат да знаат дека сите се подготвуваат за војна. А кога се подготвуваат за војна, тоа значи дека таа и ќе се случи. Јас ви велам – ќе ја има,“ рече Вучиќ, пренесе Telegraf.


Според српскиот претседател, глобалните сили веќе не се заинтересирани за разговори и дипломатија, туку исклучиво за конфронтација.

„Не ги интересираат разговори и преговори. Ги копаат своите ровови и го чекаат почетокот, а знаат дека војната секогаш ќе дојде. Чекаат и се подготвуваат,“ изјави тој.

Изјавата на Вучиќ доаѓа во момент на засилени геополитички тензии во Европа и светот, каде што честопати предупредува дека Србија мора да биде подготвена на сите сценарија.

Можете да прочитате

60 случаи на западнонилска треска во Србија

Фудбалот на плажа се враќа таму каде што започна: Светскиот куп повторно во Аланија

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили