Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Штрајк во М-НАВ, затворање на македонското небо на 20 и 24 октомври – директорот спречува синдикални состаноци

White blue modern travel presentation.jpg
Img 7972

Македонското небо целосно ќе се затвори за авионскиот сообраќај на 20 и 24 октомври дознава 24Инфо од извори во М-НАВ. Причина за ваквата одлука на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ), кој повторно ја активираше најавата за штрајк, откако менаџментот на МНав не ги исполни дадените ветувања.

Синдикатот бараше директорите на М-Нав да запре со партиските вработувања во М-НАВ, да добие одобрување од Министерството за финансии за оглас за вработување на контролори на летање и инженери, како и распишување тендер за избор на меѓународна независна агенција која ќе изработи анализа за моменталната состојба и за неопходните кадри за нормално функционирање на претпријатието.


Иако првично штрајкот беше закажан за 10 јули, контролорите одлучија да го одложат поради извесни придвижувања во исполнување на барањата. Сепак поради застојот во процесот, тие сега повторно застануваат цврсто зад своите ставови.

Од синдикатот нагласуваат дека во компанијата мора да се вработува исклучиво кадар кој е навистина потребен, пред се контролори на летање, и да се направи функционална анализа за да се утврди реалниот број на работни места.

Според одлуката, штрајкот ќе се одржи на 20 и 24 октомври, и истито ќе продолжува секој понеделник и четврток се до исполнување на барањата на синдикатот а доколку не се најде решение, можно е целосно запирање на авионскиот сообраќај во земјава.

Од извори на Синдикатот за 24Инфо велат дека 20 октомври е избран како почетен датум по завршувањето на локалните избори, за да не се дозволи на раководството на М-НАВ да ја искористи ситуацијата и да го етикетира штрајкот како политички мотивиран.

Синдикалците дополнително предупредуваат и на притисоци врз вработените од страна на раководството на М-НАВ, со цел да се спречи нивното учество на претстојните состаноци на синдикатите.

Можете да прочитате

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години

Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните