Утрински Весник
Магазин

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

Gradonachalnik 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ова не е предизборна кампања, туку почеток на едукативната онлајн игра „Градоначалник“ која преку симулација на реални сценарија ја зголемува свесноста за одговорното одлучување.

„Политичката едукација не е само за политичарите, таа е пред се за граѓаните. Оваа игра се обидува да ги подучи пред се младите за одговорно одлучување и управување на локално ниво“, велат од LEAD – Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, кои ја истакнуваат потребата од едукативна алатка која ги става играчите во улога на градоначалници при што секој одговор е избор што носи последица. Играта е достапна онлајн и е наменета за млади, студенти, активисти и сите оние кои сакаат да размислуваат критички, да ги разберат последиците од носење јавни одлуки и да развијат свест за значењето на изборот.


Станува збор за онлајн симулација која го соочува играчот со конкретни прашања и ситуации од локалното управување: етички дилеми, партиски притисоци, урбанистички планови, јавни услуги, транспарентност, социјални политики и многу други. Секој избор носи позитивна или негативна последица и реална доза на влијание врз граѓаните, „градот“ и сопствениот углед на самиот градоначалник.

Наместо пасивно следење на политичките случувања, „Градоначалник“ овозможува развивање на критичката мисла и активно виртуелно искуство каде што секој може да осознае колку е тешко, но и колку е важно да се управува одговорно. „Нашата цел не е да создадеме идеални политичари, туку свесни, информирани и ангажирани млади кои ќе го разбираат светот околу себе и ќе бидат подготвени да го менуваат.“, истакнуваат LEAD.

„Суштината е едноставна: играта е интересна, но и поучна – затоа што секој од нас, како гласач и граѓанин, секојдневно прави избори кои се одразуваат на заедницата во која живееме.“

Играта е достапна на следниот линк: https://gradonachalnik.lead.org.mk/

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „LEAP – Локално учество, активизам и вклученост“, имплементиран од страна на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој  кој се спроведува со поддршка од Европска унија преку Фондацијата Центар за демократија како координатор на проeктот „Регионален младински дијалог за Европа“.

Можете да прочитате

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година

Top casino games: Совети, класици и онлајн забава денес

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки