Утрински Весник
Македонија

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Sneg.webp.webp

Поради врнежи од снег денеска од 6:50 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, информира АМСМ. 

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.


Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен 

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците